Убиени двајца војници во источна Украина

Архива: Силите на украинската Армија.

Украинската војска соопшти дека двајца нејзини војници се убиени и петмина се повредени, откако експлозивна направа оштетила воено возило во источниот дел на земјата, каде опстојува конфликтот со сепаратистите поддржани од Русија и покрај договорот за прекин на огнот.

Во друга денешна изјава Министерството за одбрана соопшти дека двајца други војници биле повредени, откако сепаратистите го прекршиле прекинот на огнот три пати во последните 24 часа употребувајќи автоматски пушки, митралези и гранати.

Сепаратистите во меѓувреме тврдат дека владините украински сили седум пати го прекршиле прекинот на огнот користејќи исти спектар на оружје.

Од април 2014 година повеќе од 10.300 луѓе се убиени во борбите меѓу силите на Киев и сепаратистите поддржани од Русија кои контролираат делови од регионите Доњецк и Луганск.