Дескоска: Преземените мерки одат пред барањата на синдикатите

Архива: Министерката за образование и наука Рената Дескоска.

Министерката за образование и наука Рената Дескоска изјави оти е неспорно дека има дијалог меѓу Владата и синдикатите, но и оти нејзиниот впечаток е дека со мерките што ги преземаат одат дури и пред барањата на синдикатите.

Таа рече дека мерките кои со задоволство биле прифатени од наставниците и професорите е можноста што ја добиле за компензација на работни денови работени во саботите со деновите меѓу Нова година и Божиќ.

„Сите мерки што ги правиме во рамките на реформите ќе дадат бенефит не само за учениците, туку и за наставниците. Мислам дека секој добронамерен учесник во дијалогот - дали се синдикати, пленуми или наставници, би биле задоволни од процесите коишто се почнати, изјави Дескоска.