Рама изрази жалење поради убиството на Ивановиќ

Албанскиот премиер Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама изрази жалење поради убиството на Оливер Ивановиќ.

На Твитер, Рама напиша дека убиството на Оливер Ивановиќ е "злонамерно дело што поттикнува омраза и напнатост".

Убиството на Оливер Ивановиќ предизвика осуда и шокираност на Косово

"Напорите за мир не треба да се прекинат", додаде Рама.

Рано утрово во Косовска Митровица е убиен лидерот на Граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ.