Во Северна Митровица убиен Оливер Ивановиќ

Северна Митровица, 16.01.2018

Непознат напаѓач, изутрината во Косовска Митровица го уби лидерот на партијата Граѓанска иницијатива „Слобода, демократија, правда“ (СДП), Оливер Ивановиќ.

Според првичните информации, Ивановиќ бил застрелан од пиштол околу 8:15 часот додека влегувал во просториите на неговата партија

Веднаш по нападот, 65-годишниот Ивановиќ е пренесен во Клиничкиот болнички центар во Косовска Митривица, каде е утврдено дека не покажува знаци на живот.

Во 1999 година Ивановиќ беше избран за претседател на Извршниот одбор на Српскиот национален совет за северно Косово, по што во 2001 година е именуван за шеф на Службата за економси развој при српскиот владин Координативен центар за Косово и Метохија.

Од 2008 до 2012 година беше државен секретар во српското Министерство за Косово и Метохија, по што ја формира партијата СДП.