Еврокомесарот Хан го поздрави ратификувањето на Договорот со Бугарија

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан на Твитер го поздрави денешното ратификување на Договорот за добрососедство со Бугарија во Собранието на Република Македонија.

“Тоа е важен чекор во вистинска насока на патот на земјата кон ЕУ. Договорот е исто така пресвртница во добрососедските односи за целиот регион на Западен Балкан,”напиша на Твитер еврокомесарот Хан.

Пратениците денеска на 30-тата собраниската седница со 61 глас „за“ и еден „воздржан“ го изгласаа Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Во работата на Парламентот не учествуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.