Израелски авиони урнале тунел на Хамас

Илустрација: Тунел на израелско-палестинската граница

Израелски воени авиони синоќа уништиле тунел изграден од екстремистичкото палестинско движење Хамас долж границата со Појасот Газа, соопшти израелската војска. Тунелот, долг 1,5 километри, поминувал под граничниот премин Керем Шалом на југот на Појасот Газа, кој е главен пункт за хуманитарна помош во Газа и под стратешките цевководи за гас и гориво. Преминот е главна линија за снабдување на Појасот Газа и преку него дневно поминуваат по 500 камиони кои носат стока од Западниот Брег, преку Израел.

Израелската армија наведува дека авионите урнале дел од тунелот, а со ново „софистицирано“ оружје бил урнат остатокот.