Словенија подготвена на тужба, ако Хрватска не се согласи на арбитража

Словенечкиот премиер Миро Цера и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб, декември, 2017.

Словенечкиот премиер Миро Церар синоќа изјави дека најдобро би било Хрватска да се согласи на спроведување на арбитражната пресуда за границата и најави дека во спротивно Словенија ќе биде принудена да поднесе тужба против неа. Што се однесува на можното посредување на Европската комисија во арбитражниот спор, Церар изјави дека очекува претседателот на Комисијата Жан-Клод Јункер или првиот потпретседател Франс Тимерманс ќе може на Хрватска да и понуди „некои конкретни можности кои би воделе до имплементација“. Тој дополни дека очекува за таквите можности да биде информиран во текот на следните денови, кога таа иницијатива ќе биде „до некое ниво довршена“ на ниво на Еврокомисија.

Церар изрази и задоволство од најавата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ да ќе замине во Брисел и да се сретне со Јункер.