ВМРО-ДПМНЕ избра ново раководство, ги нема Димовски, Милошоски и Вељаноски

Игор Јанушев, нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот директор на ЈСП Скопје Игор Јанушев е нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, а Владо Мисајловски, Митко Јанчев и Александар Николоски се избрани за партиски потпретседатели, јавуваат дел од македонските медиуми. Мисајловски е поранешен министер за транспорт и врски, Јанчев е новиот градоначалник на Кавадарци, а Николоски е пратеник.

Централниот комитет на партијата на вечерашната седница избра и нов Извршен комитет. За членови на Извршниот комитет се избрани Тони Михајловски, Иван Јорданов, Дејан Јовановски, Орце Ѓорѓиевски, Кирил Пецаков, Дејанчо Ефтимов, Златко Перински, Влатко Ѓорчев, Коце Трајановски, Игор Николов и Драги Димитриевски.

Во Извршниот комитет членуваат уште претседателот Христијан Мицкоски, генералниот секретар, тројцата потпретседатели, како иТрајко Славески, Силвана Ангелеска, Димитар Димовски, Дафина Стојаноска, Игор Божиновски, Цветан Трипуновски, Костадин Богданов, Ане Лашкоска, Бајрам Требишки, Владимир Неловски и Даниела Рангелова.

Пратениците Илија Димовски, Антонијо Милошоски, како и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, кои се спротивставија на изборот на Христијан Мицкоски за нов партиски лидер, не се дел од новото партиско раководство.