Заврши судењето на азербејџанскиот новинар Мухтарли

Архива: Окружниот суд Балакан.

Обвинителот го повика судот во Азербејџан го осуди новинарот Афкан Мухтарли на осум години затвор, по обвиненија за кои неговите поддржувачи велат дека се политички мотивирани. Судењето на Мухтарли денеска заврши, а обвинителството повика Окружниот суд Балакан да го осуди за нелегално преминување на граничен премин, шверц на готовина и напад на службеници.

Мухтaрли и неговата сопруга побегнаа во Грузија во 2015 година стравувајќи за нивната безбедност во врска со неговото известување за сомневање за корупција на претседателот Илхам Алијев.

Еден ден откако новинарот беше исчезнат во Тбилиси во мај 2017 година, азербејџанските власти соопштија дека е во притвор во Баку за сомневања за шверц и нелегално преминување на границата.

Адвокатите на Мухтaрли во судот рекоа дека нивниот клиент бил „киднапиран“ во Грузија и потоа нелегално внесен во Азербејџан. Тие рекоа дека случајот е политички мотивиран и побараа судот да ги отфрли сите обвиненија. Судот соопшти дека пресудата ќе биде изречена во текот на денот.