Во Софија синоќа беше одржана свечена церемонија по повод бугарското претседавање со Советот на Европска унија, на која присуствуваа и претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск, како и сите еврокомесари, предводени од првиот човек на Европската Комисија Жан Клод Јункер.
Туск оцени дека историјата на Балканот е подраматична и поинтересна од сценариото за серијалот „Игра на тронови“, иако, како што наведе, во регионот нема змејови. Сите би сакале кога минатото и иднината на Балканот би биле помалку драматично сценарио. Стабилноста, безбедноста, просперитетот, тоа е она што луѓето во целиот регион го заслужуваат. Цел на Европа е да помогне тоа сценарио да стане реалност, изјави Туск во Софија на церемонија по повод бугарското претседавање со Советот на Европска унија. Тој оцени дека е добра работа што иднината на Балканот е еден од приоритетите на претседавањето на Бугарија со ЕУ.
Туск ги изненади ситиа присутни во салата на Народниот театар со тоа што целиот говор му беше на бугарски јазик.