СДСМ тврди дека Законот за јазиците не се коси со Уставот

Седиштето на СДСМ

Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот, оцени владејачката СДСМ, по рекациите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека неговото донесување е „кукавичко и неосновано“.

„Со усвоените измени не се загрозува уставната положба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик на целата територијата, како и во меѓународните односи, а се унапредува употребата на јазиците на сите заедници во Македонија. Доколку имаше било какви аргументи за лажните тврдења пратениците на ВМРО-ДПМНЕ можеа да присуствуваат и да ги бранат на денешната собраниската седница, наместо да бегаат“, стои во соопштението од СДСМ.