Кацикис: Независни Грци ќе учествуваат на собирите во Солун

Илустрација: Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Димитров и Коѕиас.

Пратеникот на Независни Грци Костас Кацикис изјави дека тој и неговите колеги од партијата ќе учествуваа на протестите за проблемот со името закажани за 21 јануари во Солун. Тој на новинарско прашање за грчките медиуми рече дека Независни Грци ќе учествуваат во собирите во Солун и оти таму ќе бидат и нивните пратеници, пренесува МИА.

Претходно и заменикот министер за транспорт од партијата Независни Грци која е коалиционен партнер во грчката Влада рече дека не можат да прифатат име кое ќе го содржи терминот Македонија, бидејќи во македонскиот Устав имало иредентизам.