Руски сериски убиец обвинет за убиство на 60 жени

Архива: Поранешниот полицаец Михаил Попков.

Поранешен руски полицаец, кој беше осуден на доживотен затвор за убиство на 22 жени, повторно е на суд за обвиненија за убиство на уште 60 жени. Вториот судски процес за осудениот сериски убиец, 53-годишниот Михаил Попков, денаска почна во Регионалниот суд во Иркутск, во југоисточен Сибир. Судијата денеска ги објави обвиненијата и го одложи судењето за 15 јануари, наведувајќи дека сослушувањата ќе бидат зад затворени врати.

Попков беше уапсен во 2012 година по спроведени серија ДНК тестови кои го поврзуваат со силувања и убиства на три жени во 1997 година. Тој подоцна призна дека убивал и други жени. Во јануари 2015 година тој беше прогласен за виновен за убиство на 22 жени и за обид за убиство на две жени меѓу 1994 и 2000 година и беше осуден на доживотна затворска казна. Властите рекоа дека тој подоцна признал дека убил уште 59 жени.