Турција ги повика Русија и Иран да ги запрат нападите во Идлиб

Илустрација: Знамето на Турција.

Русија и Иран да ги исполнат своите обврски согласно мировниот договор за Сирија и да ги спречат нападите на сириските владини сили во провинцијата Идлиб, повика турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу велејќи дека прекршувањата не можат да се случат без нивна поддршка.

Во денешно интервју на државната телевизија, тој ја обвини сириските владини сили за напади врз умерените опозициски борци под маската на борбата против групата на Исламската држава.

Тој исто така ги повика двата главни сојузници на сирискиот претседател Башар Ал-Асад, Русија и Иран, да ги сопрат воздушните напади во делови на провинцијата Идлиб во близина на турската граница. Тој објави и дека Анкара ќе одржи состанок за Сирија со „земјите истомисленички“, по средбите во Сочи каде Русија планира да биде домаќин на „сирискиот национален конгрес“ на 29 и 30 јануари.