Во новиот извештај на истражувачите на американскиот Сенат се предупредуваат дека Русија е охрабрена од своите напори да се меша во изборите во Европа и САД и повикуваат на посилен напор од Соединетите држави за одвраќање на Москва.
Во извештајот објавен денеска од членовите на Комитетот за надворешни работи на Сенатот, се наведени серија политички препораки за спротивставување, на како што го нарекуваат „речиси 20-годишниот напад на рускиот претседател Владимир Путин на демократските институции, универзалните вредности и владеењето на правото во Европа и во САД.“
Во документот се истакнуваат различни напори на европските влади да се спротивстават, на како што се вели, политиките на Кремљ. За САД во извештајот се повикува да се формира единствено владино тело за координација на одговорите на САД на операциите на Кремљ, објавувајќи ги средствата и богатството што ги поседуваат функционерите од Кремљ и политички поврзаните бизнисмени од Западот.
Меѓу другите препораки се вклучени поблиска соработка со сојузниците во Европа за заеднички пристап кон одвраќање на руските сајбер закани, поголем притисок кон компаниите како Фејсбук и Твитер да бидат потранспарентни во политичкото рекламирање и намалување на европскиот увоз на гас и нафта. Во извештајот исто така стојат силни критики кон администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, дека нејзиниот одговор ја охрабрува Москва.