Почина тинејџерот застрелан во грузиската антитерористичка операција

Темирлан Мачаликашвили.

Грузискиот тинејџер, кој беше тешко повреден во како што властите ја опишуваат антитерористичка операција во регионот на долината Панкиси во близина на руската покраина Чеченија, почина во болница во Тбилиси. Докторите соопштија дека 19-годишниот Темирлан Мачаликашвили, кој две недели беше во кома, почанал рано денеска.

Тој беше застрелан во глава за време на операцијата од страна на грузиските безбедносни сили на 26 декември. Петмина други жители во долината Панкиси, каде главно живеат муслимани со етнички врски со Чеченците, беа уапсени во операцијата.

Безбедносните претставници река дека Мачаликашвили бил застрелан бидејќи имал намера да фрли граната врз безбедносните сили. Но, неговите роднини и пријатели велат дека кога бил застрелан тој во раката држел мобилен телефон, а не граната. Тие тврдат дека тој не бил милитант и немал никакви врски со осомничени терористи.