Во Швајцарија завеани 13 000 туристи

Швајцарските власти ги затворија патеките за скијање и планинарење, жичарите, патиштата и пругите недалеку од планинскиот врв Матерхорн поради зголемен ризик од лавина, поради која во блискиот град Цермат останаа блокирани 13 000 туристи. Од локалната туристичка организација соопштија дека во градот е обновено снабдувањето со електрична енергија и дека никој не е директно загрозен. Аспшиејтед Прес пренесе дека канцеларијата претходно на својата веб-страница објавила дека не е можно да се напушти градот, ниту пак да се влезе во него. Жителите на градот се повикани да не ги напуштаат своите домови и да не им пречат на екипите за чистење на снегот.