Ирански пратеник: Околу 3.700 уапсени на антивладините протести

Архива: Антивладини протести во Иран.

Ирански пратеник изјави дека околу 3.700 луѓе биле уапсени за време на антивладините протести, додека врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеи тврди дека Техеран ги спречил обидите на САД и Британија да направат немири во земјата. Бројот на апсења што ги денеска наведе реформистичкиот пратеник Махмуд Садеги е значително повисок од оној што го изнесуваат властите.

Протестите во повеќе ирански градови избија на 28 декември поради високата стапка на невработеност во земјата и корупцијата. Некои демонстранти повикуваа на соборување на Хаменеи и на моќните конзервативни свештеници кои ја одржуваат исламската власт.

Хаменеи на Твитер ги повтори обвинувањата кои ги отфрлаат САД и други влади, дека зад протестите стојат САД и нивните сојузници.