Пожар во кулата Трамп во Њујорк

Чад излегува од кулата трамп во Њујорк. 08.01. 2018.

Пожарникари беа повикани во кулата Трамп во Менхетен, откако избил пожар на покривот на зградата која е приватна резиденција во Њујорк на американскиот претседател Доналд Трамп и неговото семејство. На фотографија од зградата е прикажано како денеска пожарникарите го гаснат огнот на покривот.

Одделот за пожар во Њујорк соопшти дека во пожарот, кој бил пријавен околу 7 часот наутро по локално време, биле повредени две лица, едно сериозно. Оттаму пожарот го опишаа како „мал електричен пожар“ кој брзо бил ставен под контрола. Претседателот на САД Доналд Трамп за време на пожарот беше во Вашингтон.