Собранието утре ќе избира уставни судии и ќе гласа за законот за јазиците

Архива: Седница на Собранието.

Собранието утре ќе го одржи продолжението на 27 седница на која не дневен ред се изборот на уставни судии и Предлог-законот за употреба на јазиците. Во првиот месец од 2018 година закажани се продолженија на шест седници и две собраниски комисии, меѓу нив и за ратификацијата на Договорот со Бугарија, како и обраќањето на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Се уште е неизвесно дали пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат во работата на Собранието. Лидерот на партијата Христијан Мицковски деновиве најави дека ќе ги објави идните чекори на ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и делувањето на пратениците.