Запален ирански нафтен танкер, опасност од експлозија

Ирански нафтен танкер се запали по сударот со товарен брод во близина на источниот брег на Кина

Ирански нафтен танкер кој се запали по сударот со товарен брод во близина на источниот брег на Кина може да експлодира и да потоне, јавуваат кинеските медиуми. Спасувачки екипи од три земји учествуваат во барањето на членовите на екипажот на „Санчи“ меѓу кои 30 иранци и двајца државјани на Бангладеш. Потрагата ја отежнуваат огнот и отровните гасови кои ги зафатија водите околу танкерот. Досега се спасени дваестина членови на екипажот на товарниот брод кој се судри со танкерот.