Исламската револуционерна гарда сопшти дека антивладините протести во Иран кои според нив, биле предизвикани од странски поттикнувачи се „поразени“. Иранските револуционерни лица заедно со десетици илјади сили, полиција и министерството за разузнавање, како што наведуваат, го уништиле синџирот на немири создаден од САД, Британија, Израел, Саудиска Арабија, милитантите и монархистите.
Соопштението на иранската револуционерна гарда беше објавено по затворената седница на Парламентот на која стана збор за антивладините протести кои траат повеќе од една недела.