Повредени две лица во експлозија во Стокхолм

Полиција на местото на експлозијата во Стокхолм

Шведската полиција соопшти дека две лица биле повредени пред метро станица во Стокхолм од неидентификувана експлозивна направа која била детонирана откако некој наводно ја подигнал од земја за да ја разгледа. Според полицијата, повреден е 60 годишен маж и 45 годишна жена. Мажот се наоѓа во критична состојба. Властите посочија дека не веруваат оти експлозијата е поврзана со терористички напад.