Од студеното време кое го погоди источниот дел на САД се погодени повеќе од 100 милиони луѓе. Најнсика температура од -38 степени е измерена во сојузната држава Њу Хемпшир.
Националната метеоролошка служба соопшти дека екстремните услови се предизвикани од голем арктички бран кој се поместил кон североисточниот дел на Соединетите Американски Држави од Канада и ги погодил повеќето држави кои се наоѓаат источно од реката Мисисипи. Температурите во Њујорк и Бостон достигнаа до -13 степени.