Сончево време со мала до умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од шест до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде слично, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе достигне до шест степени.