Германија и Турција со чекор напред во подобрување на односите

Средба на министрите за надворешни работи на Германија и на Турција, Зигмар Габриел и Мевљут Чавушоглу во јуни, 2017 година

Министрите за надворешни работи на Германија и на Турција, Зигмар Габриел и Мевљут Чавушоглу денеска остварија средба како чекор напред во подобрување на односите меѓу двете земји. Германија ја критикуваше Турција за затворањето на неколку германски и турски државјани, вклучително и на новинарот Дениз Јучел под сомнение за терористички активности.

Габриел нотираше дека е направен напредок по прашањето. Според него, не може да се очекува земјите да се согласат за секое прашање и има разлики во мислењата, но ќе продолжат со отворени разговори и заедничка почит. Чавушоглу ја истакна важноста од искрената соработка меѓу двете земји, признавајќи дека има разлики околу статус кво статусот на Труција за влез во ЕУ.