Дачиќ: Србија ја очекуваат тешки разговори за Косово

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ изјави дека оваа година неговата земја ја очекуваат тешки разговори за трајно решение за Косово. Тој за Блиц посочи дека треба да се сочуваат државните и национални интереси во услови кога постојат големи притисоци, условувања и уценувања дека со тоа ќе се успори европски пат на Србија.

Според него, ако нема почитување на српските интереси нема ни да има трајно решение за Косово. Ако некој мисли да се согласиме на едностран акт кој е веќе донесен, мислам дека тоа се целосно нереални очекувања, нагласи тој.