Матис не е загрижен за одговорот на Пакистан по одлуката на САД

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис изјави дека тој не е загрижен за одговорот на Исламабад за одлуката на Вашингтон за суспензија на околу две милијарди долари воена помош.

Не сум загрижен, им рече Матис на новинарите во Пентагон на прашањето дека со таквата одлука САД може да ја приближат Пакистан до Кина или да ја поттикне земјата за отсекување на главната рута за набавка на американските сили во Авганистан. За време на големи тензии меѓу Пакистан и САД пред шест години, Исламабад ги затвори рутите кои водат до Авганистан на неколку месеци.