Францускиот претседател Емануел Макрон денеска рече дека не е возможен напредок во обидите на Турција да се приближи до Европската унија по случувањата кои следуваа по неуспешниот обид за пуч во 2016 година и други прашања поврзани со човековите права во земјата.
По обидот за пуч, околу 50 000 луѓе беа уапсени и чекаат судење, а околу 150 000 луѓе меѓу кои наставници, судии и војници беа отпуштени или суспендирани од работа.
Макрон, ова го рече на заедничката прес конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по средбата во Париз. Ердоган на Макрон пак му кажа дека долгото чекање на Турција за членството во ЕУ е исцрпувачко. Тоа сериозно не истоштува и можеби ќе не примора да донесеме одлуки, рече Ердоган без да презицира на какви акции мисли. Следната недела францускиот претседател ќе ја посети Кина.