Пратениците на Самоопределување добија условни казни

Пратеникот Албин Курти од Самоопределување

Основниот суд во Приштина денеска ги прогласи за виновни четворицата пратеници на Движењето Самоопределување и им изрече условни казни од година и два до година и шест месеци.

Во судската сала не беа обвинетите пратеници Албин Курти, Албулена Хаџиу, Доника Кадај-Бујупи и Фатон Топали. Претходно изјавија дека ова е политички мотивиран процес.

Според судската одлука, Курти и Бујупи добија по година и шест месеци, Хаџиу година и три месеци и Топали година и два месеца. Нивните адвокати најавија жалби.

Тие во период од две години не смеат да направат кривично дело.

Судот неколку часа пред закажаното рочиште беше под силно полициско обезбедување.

Во декември 2015 година, но и на други последователни пленарни седници пратениците од опозицијата, во тоа време од Движењето Самоопределување, Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата за Косово, во знак на протест против Договорот за формирање Заедница на српски општини и Договорот за демаркацијата на границата со Црна Гора, фрлаа солзавец во собраниската сала и попречуваа службени лице во обавување на должност.

Беа уапсени на 27 ноември пред косовското собрание. Хаџиу и Топали добија домашен притвор, додека Курти и Бујупи затворски казни. На 27 декември им беше продолжен притворот за уште еден месец, но по два дена им беше преиначен во домашен притвор.