Провладини собири во неколку градови во Иран

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Контра протести во Иран

Десетици илјади Иранци во неколку градови се собраа да и дадат поддршка на владата, по неколкудневните протести и смртоносни судири меѓу демонстрантите и силите за безбедност во кои загинаа најмалку 22 лица. Иранската државна телевизија на англиски јазик „Прес ТВ“ денеска објави снимки во живо од провладините протести во градовите Ахваз, Керманшах и Горган, на кои демонстрантите го осудуваат насилството.

Во меѓувреме, десетици ирански државјани кои живеат во Грузија се собраа пред иранската амбасада во Тбилиси барајќи оставка од иранскиот претседател Хасан Рохани. Демонстрантите денеска побараа иранските власти да започнат демократски реформи и да гарантираат слобода на религијата.

Многумина од Иранците кои живеат во Грузија велат дека се христијани кои биле принудени да заминат од Иран, бидејќи биле прогонувани од Иранската револуционерна гарда.