Претседателот на „Самоопределување“ си поднесе оставка

Претседателот на „Самоопределување“, Висар Имери.

Претседателот на косовската партија „Самоопределување“, Висар Имери, поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој освен од функцијата претседател, се повлекува и од сите други функции во оваа партија.

Веста за повлекувањето тој ја соошти на средба со новинарите во седиштето на партијата, а беше најавена неодамна, со што излегоа на виделина недоразбрањата меѓу клучните луѓе во партијата.

„Самоопределување“ е трета по големина партија во Косово. На јунските избори, на кои настапи самостојно, освои 31 пратеничко место.