Трамп во првата порака на Твитер годинава со критика до Пакистан

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп во неговата прва порака на Твитер во 2018 година жестоко го критикуваше Пакистан, обвинувајќи го дека ги штити терористите. „Тие им даваат засолниште на терористите што ги бркаме по Авганистан, а малку ни помагаат. Доста беше“, напиша Трамп. Според него, Соединетите држави „глупаво“ му дале на Пакистан „над 33 милијарди долари помош во текот на изминативе 15 години“, а за возврат не добиле ништо од „лаги и измами“. САД подолго време го обвинуваат Исламабад дека им дозволува на екстремистите релативно слободно да дејствуваат во пограничните подрачја со Авганистан.