Србија во 2018 очекува девизен прилив од туризмот од 1,4 милијарди евра

Во 2018 година во Србија се очекува девизен прилив од туризмот од околу 1,4 милијарди евра, како и зголемен број туристи од Кина и од Иран. Во интервју за српски медиуми, министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ вели дека во првите 10 месеци Србија има девизен прилив од туризмот од околу 970 милиони евра.

Тој додава дека планираните 1,4 милијарди евра девизен прилив за оваа година може да бидат лесно остварена цел имајќи предвид безвизен режим со Кина и авиолинија Пекинг-Белград преку Прага. Љајиќ смета дека за тоа ќе придонесе и тоа што во јануари ќе се воспостави директна линија Техеран-Белград, a од февруари приватна компанија од Иран почнува со нова авио линија на таа релација.