Иранските власти го блокираа пристапот до социјалните медиуми

Илустрација. Веб страни на социјалните медиуми

Иранските власти ги блокираа веб-страниците на социјалните медиуми, додека демонстрантите се обидуваат да се соберат на четвртиот ден од демонстрациите против владата, во кои вчера загинаа две лица. Демонстрациите се еден од најсериозните предизвици за раководството по оспорените претседателски избори на тогашниот претседател Махмуд Ахмадинеџад во 2009 година Корисниците на социјалните мрежи Инстаграм и Телеграм не беа во можност да пристапат до услугите денеска , еден ден откако двајца демонстранти починаа во западниот град Дору. Двете апликации се популарни меѓу Иранците и се корисни во помагањето да се постават собирни точки за демонстрантите кои се разочарани од зголемувањето на цените и неисполнетите ветувања на претседателот Хасан Рохани да гарантира права на слобода на изразување и собирање. САД го осудија апсењето на демонстрантите, а претседателот Доналд Трамп го предупреди Техеран дека "светот гледа"