Стотици милиони луѓе во светот на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови или во семејна атмосфера во домовите, ќе ја испратат 2017 и ќе ја пречекаат Новата 2018 година.
Во Скопје новогодишна прослава под мотото „Нова Година-нови насмевки“ ќе има на сквер „Јадран“ во организација на општина Центар. Напладне ќе биде организиран новогодишен турнир во шах, а од 21 часот започнува музичката програма со Некст Тајм, Ај Кју, Тамара и Кристина Арнаудова.
Прославата ќе има хуманитарен карактер и средствата ќе бидат наменети за 16-годишно момче кому му е потребна итна операција за пресадување на коскена срцевина во Италија.
Градските власти и полицијата апелираат граѓаните да се воздржат од употреба на петарди за време на празниците.
Новата 2018 година и официјално почна, во тихоокеанските острови Самоа, Тонга и на Божиќниот Остров/Кирибати .