Десетици загинати во напад на погреб во Авганистан

Експлозија на бомба во источниот авганистански град Џалалабад.

Владини претставници објавија дека неколку лица загинаа, а повеќе од десетина се повредени во експлозија во источниот авганистански град Џалалабад. Новинските агенции го цитираа портпаролот на гувернерот на Нангархар Атаулах Хоџани, кој вели дека бројката на загинати се зголемила на најмалку 12 лица, а 14 лица биле повредени во нападот. Експлозијата одекнлала меѓу мноштво луѓе што се собрале на погреб на поранешен гувернер, објави Ројтерс. Засега никој не ја презедеа одговорноса за инцидентот, кој следеше по неколкуте бомбашки експлозии на 28 декември во шиитскиот културен центар во главниот град Кабул, кога загинаа најмалку 41 лица, а повеќе од 80 беа повредени. Исламската држава ја презеде одговорноста за тој напад