Рочиште за осомничениот за нападот во Санкт Петербург

Експлозија во супермаркет во рускиот град Санкт Петербург.

Окружниот суд во Санкт Петербург денеска ќе одржи рочиште за човекот кој е осомничен за активирање на експлозија во супермаркет кога беа повредени повеќе од 10 лица. Руските медиуми, цитирајќи неименувани извори, објавија дека на новинарите ќе им биде забрането да присуствуваат на сослушувањето.

Руската федерална службаза безбедност го уапси човекот кој е осомничен за активирање на експлозија во супермаркет во рускиот град Санкт Петербург, на 27 декември кога беа повредени повеќе од 10 лица. Федералната служба за безбедност го објави соопштението вчера. Агенцијата не го идентификуваше осомничениот и не даде какви било детали за неговиот мотив. Во соопштението се вели дека осомничениот го организирал и извршил нападот самостојно. Екстремистичката група Исламска држава тврдеше дека е одговорна за нападот во Санкт Петербург. ИД честопати ја презема одговорноста за терористички напади ширум светот кои ги вршат луѓе инспирирани од екстремистичката група, но честопати немаат формални врски со неа. Рускиот претседател Владимир Путин, еден ден по експлозијата изјави дека експлозијата е терористички чин.