На плоштадот „Македонија“ пристигнува Дедо Мраз

Дедо Мраз на плоштадот Македонија во Скопје.

На плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје во 12 часот традиционално се очекува доаѓањето на Дедо Мраз.

Годинава тој во Скопје ќе пристигне во еко мобил и ќе ни ја пренесе пораката дека мораме да ја чуваме планетата, да се грижиме за екологијата и дека секој од нас може и мора да продонесе за почиста животна средина.

Дедо Мраз ќе го пречекаат Златните Славејчиња и ќе ја одиграат претставата „Дедо Мраз во пензија“. Новата Година на сите деца во Скопје, како што е најавено, ќе им ја честита градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.

Градот Скопје од 23 декември на „Улицата на радоста“ на плоштадот „Македонија“ организираше новогодишен базар и забава за најмладите.