Иванов: Во 2018 да се сплотиме околу државните интереси

Претседателот на Република Мкаедонија Ѓорге Иванов

"Дозволете да ви ја честитам Новата 2018 година и од се срце да ви упатам искрени желби за добро здравје, за повеќе радост, поголеми успеси и подобро утре. Изминатава година бевме соочени со многу предизвици и премрежија, а политичката атмосфера непријатно се одрази на целото општество и на секој од нас посебно. Искрено се надевам дека во годината што доаѓа ќе се посветиме на убавите и позитивни нешта", посака шефот на државата во своето традиционално новогодишно обраќање до македонскиот народ.

Тој изрази надеж и дека ќе смогнеме сила за да ги надминеме поделбите, да ги отфрлиме предрасудите, да се сплотиме околу државните интереси и да зачекориме на вистинскиот пат.

Во новата година, посакувам повеќе да ја сакаме нашата заедничка татковина Република Македонија и секој од нас да даде личен придонес за едно поубаво општество за нашите деца, рече Иванов.