Најмалку двајца демонстранти убиени во Иран

Улични протести во Иран

Најмалку двајца демонстранти се убиени во уличните протести против владата во Иран вчера на третиот ден од изразувањето на незадоволство. Демонстрациите кои беа предизвикани од зголемувањето на цените се интензивираа и се проширија во главниот град, Техеран, поради предупредувањата на владата за "железна тупаница". Демонстрациите, на кои вчера дојде до зголемено насилство, се најголемиот и најсериозен предизвик за властите од 2009 година по спорните претседателски избори на тогашниот претседател Махмуд Ахмадинеџад. Новинска агенција Мехр го цитираше Хабиболах Хоџастепур, заменик-гувернер на провинцијата Лорестан, наведувајќи дека нелегално собирање во западниот град Дору потикнало судири во кои "двајца граѓани на Дорудија биле убиени".

"Полицијата и безбедносните сили не пукаа. Откривме докази за непријатели на револуцијата во овој судир - групите Такфири и странски агенти ", изјави тој подоцна за државната телевизија. Такифи е термин кој се користи за сунитски милитанти. Сепак , видеото објавено на социјалните медиуми прикажува двајца млади мажи откако биле убиени од полицијата . Радио Слободна Европа не може да ја потврди автентичноста на видеото, но Гласот на Америка ги идентификуваше жртвите како Хамзе Ласни и Хосеин Решно. Државната телевизија објави дека провладини митинзи се одржале во околу 1.200 градови. Протестите против владата беа предизвикани од порастот на цените на основните резерви на храна, како што се јајцата и живината. Тие брзо се проширија во многу градови каде стотици демонстранти пееја слогани против исламскиот естаблишмент и врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хаменеи.