Пожарот во зградата во Њујорк можеби го предизвикало дете

Архивска фотографија-пожарникарите во Њујорк се обидуваат да го изгаснат пожарот

Дете кое си играло со шпорет можеби го предизвикувало пожарот во зградата во Њујорк во кој загинаа 12 лица, меѓу кои и четири деца, рече денеска градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио. Пожарот, кој се смета за најсмртоносен во последните три децении, изби вчера на првиот кат и наскоро се прошири на погорните катови од пет катната зграда во квартот Бронкс. Како што соопшти де Бласио, докторите се борат за животите на уште четири луѓе. Во гаснењето на пожарот беа ангажирани повеќе од 170 пожарникари.