Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше Кина откако беше објавено дека нафта од кинески бродови незаконски била префрлана на севернокорејски бродови. Трамп на Твитер наведе дека „Кина е фатена на дело“ и оти тој е „многу разочаран што Кина дозволува да стигне нафта во Северна Кореја“. Министерството за надворешни работи на Кина соопшти дека Пекинг ги применува санкциите на Обединетите нации и оти нема информации за такво префрлање на нафта.
Трамп: Кина е фатена како и дава нафта на Северна Кореја
Американскиот претседател Доналд Трамп, Палм Бич, Флорида, 27.12.2017.