Функционерите на Алијансата за Албанците официјално депонираа оставки во Владата. Тројца заменици-министри и државниот секретар на Министерството за правда денеска поднесоа оставки во владината архива, а се очекува од функциите да се повлечат уште осум директори.
Оставки поднесоа замениците-министри за надворешни работи, за транспорт и врски и за труд и социјална политика, Арта Точи, Ремзи Мемеди и Елми Азири, како и државниот секретар во Министерството за правда Зулфи Адили, три дена откако претседателот на партијата Зијадин Села ги повика на ваков чекор.