Уапсени 38 лица во Турција осомничени за врски со ИД

Илустрација: Знамето на Турција.

Турската полиција денеска уапси 38 лица во северозападната област Бурса под сомнение дека имаат врски со групата на Исламската држава (ИД). Меѓу уапсените се и Сиријци, а полицијата спроведен претреси во домови во различни квартови на Бурса. Во изминатите години многу странски борци минаа низ Турција за да се приклучат на групата на ИД во Сирија и Ирак.

ИД минатата година ја презеде одговорноста за нападот на новогодишната ноќ кога загинаа 39 лица во ноќен клуб во Истанбул. Овој месец беше покренато обвинението за тој напад.