Во ноември раст на индустриското производство за 4,1 отсто

Илустрација: Фабрика за производство на храна.

Индустриското производство од јануари до ноември годинава бележи раст од 0,5 проценти во однос на истиот период минатата година, објави Државниот завод за статистика. Индустриското производство во ноември бележи раст од 4,1 отсто во однос на истиот месец 2016 година.

Индустриското производство во ноември во секторот Рударство и вадење камен е на исто ниво како минатата година, секторот Преработувачка индустрија бележи раст од 5,7 отсто, а секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е во опаѓање од 4,9 отсто.

Според објавените податоци, зголемувањето во Преработувачката индустрија е поради зголеменото производство на прехранбени производи, фармацевтски производи и препарати, производи од гума и пластични маси, фабрикувани метални производи: машини, опрема, електрична опрема, моторни возила, приколки и полуприколки.