Повлечени осум потписи за укинување на косовскиот Специјален суд

Архива: Косовскиот Парламент.

Осум пратеници од косовскиот Парламент ги повлекоа потписите од иницијативата за укинување на Специјалниот суд за злосторства на ОВК.

Медиумите објавуваат дека двајца пратеници на Алијанса на Косово и шестмина од Иницијативата за Косово ги повлекоа потписите со барање за одржување седница за укинување на Специјалниот суд за злосторства на ОВК, со што иницијативата на одредено време е тргната од косовската политичка сцена.

Првично барањето за парламентарна расправа за укинување на судот кој е формиран пред скоро три години го потпишаа 43 пратеници, но поддршката за иницијативата се намалуваше со зголемувањето на меѓународниот притисок врз косовските лидери.