Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров телефонски разговарал со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон за натамошните чекори за завршување на војната во Сирија, но и за ситуацијата на Корејскиот полуостров, пренесуваат руските медиуми. Во врска со Сирија била нагласена потребата за поттикнување на непосредни преговори меѓу сириската влада и опозицијата, без никакви предуслови. Министерот Лавров, како што е соопштено, исто така ја потенцирал потребата од покренување преговори со Северна Кореја.
Лавров и Тилерсон разговарале за Северна Кореја и Сирија
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, Виена, 07.12.2017.