Контроверзен приштински имам повикува да не се слави Нова година

Контроверзниот приштински имам Шефќет Красниќи

На само неколку дена од новогодишната ноќ, контроверзниот приштински имам Шефќет Красниќи упати апел да не се одбележува, бидејќи тоа било „харам“.

Тој и минатата година апелираше до граѓаните да ги бојкотираат новогодишните празници.

„Не прославувајте ја Нова година, не грешете со купување, тоа не е бериќет. Што среќа ви носи сечењето елки, немој да ги украсувате вашите домови, новогодишната ноќ е иста како и сите други ноќи“, порача Красниќи во видео порака пред Нова година.

Според него, расте бројот на албански семејства кои не ја прославуваат Нова година.

Красниќи, кој беше главен имам на најголемата џамија во Приштина, беше притворен за поттикнување врски национализам, помагање на тероризмот и перење пари, откако при претрес во неговиот дом беше пронајдена голема количина пари во разни странски валути. По триесетдневен притвор тој беше ослободен.