Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 го одобри обвинителниот акт за предметот на СЈО „Тендери“ кој се однесува на изведување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска.
Од судот наведуваат дека оформениот предмет по одобрениот обвинителен акт согласно системот АКМИС ќе биде распореден електронски за понатамошно постапување.